Завршена приказна се концертите на пејачите од соседството кои сами се декларираат како поп-фолк изведувачи и грмат цело лето во туристички Охрид. Градоначалникот Пецаков пресече, гратскиот стадион може да го закупи секој,организаторите си го гледаат сопствениот ќар,но од идното лето, вакво лудило повеќе нема да има.
“Од другата година ќе биде поинаков принципот, прво да добиеме потврда каков настан ќе има, а потоа ќе одлучи општината дали ќе го дава или нема да го дава тој настан.Да бидам прецизен, ќе има селекција,толку”-вели Пецаков за „Алфа ТВ“.