ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски излажа!? тврдеше дека во Македонија не се користи шпионски софтвер Предатор,  грчките медиуми го демантираат

Грчки медиуми тврдат дека македонската ОТА незаконски го поседува и користи контроверзниот софтвер за следење на интернет активности Предатор. Овој софтвер, кој има капацитет да ги следи сите интернет активности на сите граѓани во Македонија, е веќе подолго време  во фокусот на јавноста во регионот и пошироко, па дури и НАТО го смета за проблематичен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека избија и скандали со прислушување на опозициски политичари токму со овој софтвер, па логично се поставува прашањето дали истиот софтвер бил користен од ОТА, Владата или било кој друг да следи граѓани.

– Да биде скандалот поголем на пратенички прашања Димитар Ковачевски одговорил дека шпионскиот софтвер Предатор не е користен во Македонија. Од друга страна грчките медиуми кажуваат нешто друго, а Владата, МВР и ОТА упорно молчат и ја прикриваат темата, истакнуват тие.

Според нив тоа може да значи дека Ковачевски излажал и дека може контроверзниот софтвер се злоупотребува за прислушкување и следење на граѓаните во Македонија.

– ОЈО молчи како мачка да им го прегризала јазикот. Ова се сериозни индиции кои треба да се проверат и истражат, бидејќи се работи за потенцијално кршење на човекови права на граѓаните. Имајќи ја предвид можноста на овој софтвер буквално сите граѓани може да бидат жртви и нивната приватност да биде нарушена. За оваа афера мора да има одговори, бидејќи после промената на власта сето тоа ќе се провери и открие, а во случај да имало злоупотреби тогаш ќе има одговорност и за тие кои злоупотребувале, но и за тие кои тоа го прикривале и штителе, стои во соопштението.

Слични објави