СДС сака да ги спаси организаторите на прислушкувањето со лажни барања за декласификација, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата,СДСМ блефира и свесно бара нешто што е невозможно да се направи ако сакаме да постои правна постапка.
Ваквиот однос само ги јакне сомнежите дека тие стојат зад нарачките за следење и прислушкување, бидејќи преку лажни обиди за „декласификација“ сакаат да ги спасат организаторите, пуштајќи ги доказите во јавност.
Декласификација на документи се врши исклучиво согласно закон, и тоа во судска постапка, по барање и одлука на надлежните органи.