Владата на СДСМ и ДУИ нема пари за учебници за учениците, нема пари за наставниците, за лекарите, за лекови за граѓаните. Владата на СДСМ и ДУИ има пари за своите семејства, за внуците. Или фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари. Секој од ДУИ си има своја фирма и си склучува тендери во четири очи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие потенцираат дека внуците на функционерите на ДУИ очигледно сите се со силен претприемачки дух!
– Сега Бујар Османи, кој како министер за надворешни работи, на фирмата Еуровиа ДООЕЛ ќе и исплати 1,8 милиони евра, пари на граѓаните, за преадаптирање на Спортскиот центар Борис Трајковски. Османи вели дека токму оваа фирма понудила најисплатлива понуда на тендерот, а оваа фирма се поврзува со ДУИ во многу случаи, а сопственикот и фирмата се нејзини незаконски донатори, истакнуваат тие.
Од партијата додаваат дека оттука има основен сомнеж за сериозна злоупотреба на службената положба.
– Секое соммение за криминал ќе се истражи, одговорност ќе има! Мора да се стави крај на криминалот на ДУИ и СДСМ. Тоа можат да го сторат само граѓаните на избори, стои во соопштението.