Високото ниво на Афлатоксин го принуди „Имлек“ да не откупува млеко

од Вести365.МК Ј.Р.

Српската компанија „Имлек“ денеска соопшти дека привремено исклучила неколку фарми од откуп на сурово млеко поради покачено ниво на афлатоксин, врз основа на внатрешни и надворешни лабораториски контроли.

И други млекарници го прекинале откупот, а производителите се очајни и велат дека ако ова продолжи еден месец, им се заканува пропаѓање.

„Во согласност со Законот дефиниран од Министерството за земјоделство на Србија, „Имлек“ ги задолжи фармите да преземат мерки за отстранување на недоследностите во квалитетот и прилагодување на планот за исхрана на животните, по што ќе продолжат да се купуваат сите фарми кои ќе го вратат квалитетот во законските рамки“, објави компанијата.

Од компанијата потсетуваат дека прекинот на откупот на сурово млеко ќе важи без оглед на последиците и притисоците со кои може да се соочат, се со цел да се обезбеди највисок квалитет, „без исклучок за секоја фарма чие млеко не е во согласност со прописите“.

Слични објави