ВИДЕО: Како тројца маскирани го подметнуваат пожарот во кафе барот Барон пред да се случи убиството на Туша

Тројца маскирани вчера рано наутро се приближуваат до објектот и го подметнуваат пожарот во каге барот Барон во Чаир.

Ова се гледа на видеото кое го објави Телма.

 Кафулето има исто име како скопската криминална група Барон чии припаднци соработуваат со групата Беланоца и се во отворена улична војна со криминалните групи Дуќанџик/Грчец.

На снимката се гледа како еден од маскираните со тврд предмет ја крши влезната врата на кафе барот.

Другите двајца влегуваат внатре со туба во рацете. А водачот останува надвор и чува стража гледајќи кон улицата.

Неколку часа по пожарот е застрелан Зелкиф Туша, таткото на притворениот Гани Туша кој е осомничен за учество во убиствата на припадници на кланот Грчец во Шиша Бар и на Халкидики. Гани Туша е припадник на бандата Барон. Обвинителството истражува поврзаност на пожарот и убиството на Зелкиф Туша.

Слични објави