Соединетите Американски Држави сакаат да и продадат повеќе енергија и одбранбена опрема на Индија, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс за време на посетата на земјата, додавајќи дека врските меѓу двете земји ќе го обликуваат овој век.
„Доколку Индија и Соединетите Држави соработуваат успешно, 21-от век ќе биде просперитетен и мирен“, рече тој во говорот во северозападниот индиски град Џајпур, пренесе Ројтерс.
Како што истакна, доколку САД и Индија не соработуваат успешно, тој верува дека 21 век може да биде многу мрачен за целото човештво. Венс постојано го пофали индискиот премиер Нарендра Моди по нивната вчерашна вечера.
Тој е во главно лична, четиридневна посета на Индија заедно со неговата сопруга, која е ќерка на индиски имигранти, и нивните три деца.