Важно! Еве што треба да направите ако ви го украдат или го загубите пасошот во Грција

од Вести365.МК Ј.Р.

Кога одите на одмор во Грција, понесете со себе некој доказ за идентитетот со фотографија – фотокопија од првата страница од пасошот, лична карта или возачка дозвола и евентуално извод од матична книга на родените.Ова ќе ви помогне ако недај боже го загубите пасошот или ви го украдат

Туристите треба да ги испечатат или фотографираат овие документи и да ги зачуваат во телефонот пред да одат на патување.

Во случај на кражба на документи, доколку ги имате со себе се докази за идентификација и постапката ќе биде многу полесна и побрза .

Ако документите се украдени, прво треба да отидете во најблиската полициска станица. Ќе треба да ги дадете податоците на полицаецот, а тој ќе ви издаде потврда за изгубениот пасош и други документи со кои ќе можете да ја минете границата.

Слични објави