Бон победи,Ти-Џеј Шортс блескаше!

Кошаркарите на Бон одиграа одлично на домашниот терен и победија против Лудвигсбург со резултат 80:71 (16:23, 26:8, 14:22, 24:18), и влагаат со предност од 1-0 во полуфиналната серија на германската Бундеслига.

Бон, кој е и победник на Лигата на шампионите на ФИБА, ги оправда очекувањата и со оваа победа го зацврсти домашниот терен на почетокот од серијата која се игра до три победи.

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше водечки играч за Бон со 22 поени и седум асистенции, а следеа Јавонте Хокинс и Колин Малком со по 13 поени.

Во тимот на Лудвигсбург, Јорман Бартоло се истакна со 12 поени како најдобар играч.

Следниот натпревар од серијата ќе се одигра за два дена, каде домаќин повторно ќе биде Бон.

Во втората полуфинална серија, Улм води со 1-0 во победи против Баерн Минхен.

Слични објави