Бајден или Трамп? Германскиот канцелар има фаворит

од Вести365.МК Ј.Р.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека го претпочита американскиот претседател Џо Бајден отколку Доналд Трамп и дека сака Бајден да биде реизбран за втор мандат.

Одговарајќи на прашање на ученик за време на посетата на едно основно училиште во близина на Берлин, Шолц рече: „Мислам дека сегашниот претседател е подобар, па сакам тој да биде реизбран“, пренесува Ројтерс.

Според последните анкети, Бајден има предност пред потенцијалните републикански противници Доналд Трамп и Рон ДеСантис на претседателските избори во САД во 2024 година.

Слични објави