Барди си заминува, Адеми доаѓа во Трабзон!

Според информациите кои доаѓаат од Турција, Енис Барди ќе го напушти Трабзонспор, но друг наш репрезентативец може да го облече дресот на овој турски клуб. Изненадувачки, Трабзон сака да го доведе Аријан Адеми, кој неодамна се пресели во Пекинг Гуан. Адеми се раздели со Динамо и три месеци игра во Кина, каде забележа гол и асистенција во кинеската лига.

Најголема причина за интересот на Адеми од Трабзон е тренерот Ненад Бјелица, поранешен тренер на Динамо, од каде добро го познава македонскиот репрезентативец, Сепак, сè уште не е јасно колку е реален овој трансфер и дали Пекинг ќе го пушти Адеми во Турција толку брзо.

Исто така, во Трабзон се најавува кратење за 30% на целиот буџет, со тоа се намалуваат и платите, што е главна причина за заминување на Барди. Во наредниот период ќе се покаже дали ова е сериозна ситуација или само се шпекулации на турските медиуми, кои не се ретки во последно време.

Слични објави