Денеска попладне, Баерн Минхен го победи Шалке 04 со шест гола и побегна на плус четири како првопласиран во лигата. Но тоа траеше кратко бидејќи Борусија Дортмунд одговори со пет гола во дербито на двете Борусии.
Менхегладбах настрада на „Сигнал Идуна парк“, во првото полувреме кога Борусија Дортмунд постигна четири гола. Напаѓачот Себастијан Але беше “моторот” со два погодоци, еден од нив со магичен допир со петата.
Менхегладбах го искористи опуштањето на Дортмунд и постигна два гола во вториот дел, но Рејна го постави конечниот резултат 5:2 во корист на Дортмунд. Сега, на две кола пред крајот, Борусија има бод помалку од Баерн, па се очекува битката за титулата да трае до последната минута во завршната рунда.