Словачкиот премиер Роберт Фицо е повреден во пукање по седница на Владата, јави новинската агенција ТАСР.
Агенцијата го цитираше потпретседателот на Парламентот, Лубос Блаха, дека Фицо бил застрелан и повреден.
Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди „бруталниот“ напад врз Фицо и му посака добро закрепнување.
Медиумите јавуваат дека зградата пред која се пукало се евакуира.
Како што пренесуваат медиумите, тој има рани на главата и градниот кош.
Извор на Ројтерс јавува дека се слушнале неколку истрели и дека е забележан маж како е приведен од полицијата. Сведокот рече дека видел службеници од обезбедувањето како туркаат некого во автомобил и заминуваат.
Засега нема информации во каква состојба е премиерот.
Погледнете го видеото