Анкета на ИРИ: Ако се одржат предвремени парламентарни избори престојната недела, ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник

Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажува дека дури 19 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку се одржат избори претстојната недела, додека за СДСМ само 11%.

Анкетата е спроведена од 8 април до мај на 1208 испитаници, а на прашањето доколку престојната недела се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале, ВМРО-ДПМНЕ има речиси двојна предност пред СДСМ, односно 19 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак само 11 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека би гласале за СДСМ.

За ДУИ се одлучиле 8%, додека за Алијанса за Албанците 5%.

На анкетата за Левица се одлучиле 4%, што е пад од претходните 6%.

Слични објави