Андоновски: „Кликни безбедно“ – за побезбеден интернет за нашите деца

од Вести365.МК Ј.Р.

Министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски денес присуствуваше на промотивното прикажување на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет. Ова е последната активност со која се завршува Месецот на побезбеден интернет и нашиот европски проект MKSafeNet.

-Филмот е наменет за најмладите и има за цел на едноставен и разбирлив начин да ја доближи важноста на дигиталната писменост, како и безбедното, одговорно и етичко користење на интернетот. Во време кога децата сè порано се среќаваат со дигиталниот свет, наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици, изјави Андоновски.

Тој потенцира дека ваквите иницијативи се особено важни – тие ја поттикнуваат соработката меѓу институциите, училиштата и родителите, со заедничка цел: побезбеден интернет за секое дете.
Анимираниот филм ќе биде достапен во сите училишта низ Македонија, а ќе имаат можност да го прикажуваат и сите телевизии.

Министерството за дигитална трансформација останува посветено на политики и проекти кои ја зајакнуваат дигиталната писменост и онлајн безбедноста, особено кај младите генерации, додаде Андоновски.

Слични објави