Автомобил прегази маж и жена на тротоар на улицата „Туристичка“ во Охрид, по што жената починала на лице место.
Според информациите од МВР, несреќата се случила синоќа во 22 часот, на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај поранешниот Мини Маркет, кога возачот на „голф“ преминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда, изгубил контрола и завршил на пешачката зона, притоа удирајќи во двајца луѓе. Тешко повредената 44-годишна охриѓанка им подлегнала на повредите, додека нејзиниот сопруг после примената медицинска помош со телесни повреди своеволно ја напуштил болницата.
Причините за околностите што довеле до несреќата ќе ги утврди истрагата.