Единствениот саем за венчавки во Македонија „Wedding Expo Skopje” по 11-ти пат ќе се одржи во х. Александар Палас. Терминот за одржување е од 10-ти до 12 март каде над 50-тина изложувачи ќе ги претстават модните трендови за 2023.
По традиција во петок од 17ч саемот ќе биде отоврен за посетители, а веќе во 20ч ќе се случи големото шоу „Celebrities in wedding dresses” модната ревија на познатите во венчаници, а шоуто ќе биде збогатено со музички настап на Бојана Скендеровски и сценски танцов настап со аргентинско танго. Водител и домаќин на шоуто е Ведрана Ѓоргевиќ.
Оваа година целото вечерно шоу ќе биде ексклузивно емитувано на Канал5 телевизија во сабота во 21ч. На програмата на саемот за сабота и недела се договорени неколку идивидуални модни ревии и музички перформанси како и едукативно шоу за свадбена шминка и фризура. Влезниците се купуваат на каса во хотелот или на платформата купикартизасе.ком
Работно време за посетители:
Петок 10ти, од 17ч до 22ч
Сабота од 10 до 21ч
Недела од 10 до 20ч
Влезници се купуваат на билетарата во Х. Александар Палас и он лајн на платформата купикартизасе.
Програмата на саемот ќе се состои од модни ревии, музички настапи и промоции.