Времето денес променливо облачно со повремени сончеви периоди

од Вести365.МК Ј.Р.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо oблачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.

Слични објави