Со освежувањето, големиот SUV на Volkswagen добива нов лик. Редизајниран е задниот дел со осветлено лого, како и кабината која добива нови технологии.

Визуелно предницата е целосно редизајнирана со нова маска на ладилникот, нов браник и нови IQ.LIGHT HD LED предни светла со повеќе од 38.000 LED елементи кои супер-прецизно ја проектираат светлината, профилот останува неизменет, но се достапни нови дизајни на тркалата, додека пак задниот дел добива целосно-редизајниран светлосен потпис со LED елемент во целата ширина на задницата, како и осветлена VW значка во црвена боја, која за прв пат ќе се нуди на модел на Volkswagen во Европа.

Кај кабината доминира новиот Innovision Cockpit комбиниран со дигитален инструмент панел со Discover Pro Max инфозабавен систем, кој ќе биде дел од стандардната опрема, системот за гласовна контрола е надграден, може да се забележи дека и материјалите во кабината се најлуксузни досега, а достапни се и USB-C приклучоци со моќност од 45 вати за брзо полнење на паметни телефони.

Околу технолошките освежувања Тouareg вредат да се споменат следниве новитети, Travel Assist, Park Assist Plus со далечинско управување, Trailer Assist, Night Assist, како и Сензор за товар на кровот кој ја подобрува стабилноста кога има нешто на кровот на големиот SUV. Овој систем соработува со системот за контрола на стабилноста и суспензијата со активна контрола на навалувањето, Тука е и Dynaudio“ премиум аудио систем со моќност од 730 W.
Околу моторите и нивната зафатнина кои се достапни во новиот Touareg, тука е 3-литарски V6 турбодизели со 230 и 282 коњски сили и 500 Nm и 600 Nm вртежен момент, соодветно, потоа 3-литарски V6 турбо-бензинец со 335 коњски сили и 450 Nm вртежен момент како и две плаг-ин хибридни верзии со 3-литарски V6 турбо-бензинец.
Едната верзија има системска моќ од 386 коњски сили, додека врвниот модел Touareg R eHybrid комбинира 3-литарски твин-турбо V6 со електромотор и батерија со капацитет од 14.1 kWh за вкупна моќ од 462 коњски сили. Тој достигнува брзина од 0 до 100 километри на час за 5.1 секунда.
Позната е и цената. „Touareg“ во Германија започнува од 69.200 евра, додека помоќниот хибрид ќе биде достапен по цена од 93.870 евра.
