Три години затвор за Марјан – Доказ М

Три години и еден месец затвор за сопственикот на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски.

Судијката Марија Клетничка Марковска му изрече казна од три години и еден месец за пет кривични дела на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“.

„За секое од кривичните дела од диспозитивот, односно за делото уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена – му утврдува по една година затвор. Единствена казна од 3 години и 1 месец“, кажа судијката Клетничка Марковска за време на изрекувањето на пресудата.

Преку својот портал злоупотребил и лични податоци за што ќе треба да плати парична казна од 5.000 евра, односно 250 дневни глоби. Судот му забрани вршење на дејноста во наредните 10 години, период во кој нема право да регистрира домеин.

„Му се изрекува забрана да врши регистрација на домеин, или да биде сопственик на портал во МАРНЕТ сметано за период од 10 години. Ова подразбира и престанок на сите домени, каде Стаменковски се јавува како сопственик во МАРНЕТ“, додаде судијката.

Слични објави