Travel and Leisure го вброи Охрид помеѓу 20-те најубавите дестинации во Европа

од Вести365.МК Ј.Р.

Охридското Езеро можеби поминува незабележано од бројни патници, но штом ќе здогледате неговите блескави води на сончев ден или ќе дознаете за неговата историја – езерото е старо речиси два милиони години – веројатно ќе сакате да испланирате патување таму што е можно поскоро, порача неодамна порталот Travel and Leisure за преубавиот Охрид, кого го вброи помеѓу 20-те најубави места во Европа.

– Од планински села до оддалечени острови, еве 20 од најубавите дестинации во Европа. Водната површина на Охридското Езеро се протега на границата меѓу Република Македонија и Албанија, и е опкружена со стари села, ридови и плажи. Во текот на последните неколку години, археолозите работеа и на откривање на село старо 8.000 години, поставено на колци, за кое се вели дека е најстарото од ваков вид во Европа, пишува новинарката Lydia Mansel во написот.

Покрај Охрид, на листата се и езерото Комо, Пиенза во Италија, Крф во Грција и други.

Travel and Leisure е познат по препораките за патување и најубавите локации ширум светот. Само на социјалната мрежа Facebook нивните објави стигнуваат до 4,6 милиони следачи.

Слични објави