Товарен брод потона на пат кон Украина, се трага по 9 членови на екипажот

од Вести365.МК Ј.Р.

Товарен брод кој бил на пат кон Украина потонал во близина на турскиот брег. Спасувачките екипи пронајдоа пет членови на екипажот на The Joe 2 во близина на Кумлуча, во провинцијата Анталија и се обидуваат да лоцираат уште девет, пишува Sky News.

Причината за потонувањето на бродот се уште не е позната. Повикот за помош е упатен во 03:47 часот. Командата на турската крајбрежна стража испрати неколку чамци и два хеликоптери. Бродот тргна од турското пристаниште Искендерун.

Слични објави