ВMW XM е најмоќното теренско возило на BMW, со импресивни 748КС и 1000Nm вртежен момент, кои се достапни благодарение на V8 моторот и електричниот мотор. Популарниоt “Red Label” ќе носи V8 мотор со максимални 585 КС. Електричниот мотор го прави останатото до споменатата максимална моќност. Оваа јачина на моторот му овозможува да претставува моќен сојузник за возачите кои имаат потреба од максимална моќност и перформанси на патот, без оглед на условите на возење.
Се разбира, одделот М не само што ја зголеми моќноста, туку направи и голем број модификации за супертеренецот на BMW, вклучително и модификации на осумстепениот менувач. Максималната брзина е ограничена на 250 км/час, а со опционалниот пакет M Drivers се зголемува на 290 км/час. До 100 км/час достигнува за 3,8 секунди. Од друга страна, XM може да вози речиси тивко на електрична енергија до 140 км/час со опсег од 78 до 83 км според WLTP
Цената на BMW XM започнува од 203.000 евра и може да се разликува во зависност од опремата и додатоците кои ќе ги избере купувачот,а одличната вести е дека BMW XM ќе биде достапен на пазарот веќе од Август, и се очекува веднаш да биде распродаден од едноставна причина што BMW нуди само 500 примероци.
Вкупната комбинација на моќ, дизајн и перформанси на BMW XM го прават оваа возила да биде вистински лидер на патот, што ќе ги задоволи потребите на возачите кои имаат високи очекувања во однос на нивниот автомобил.
