Станот во Њу Јорк во кој Хит Леџер беше пронајден мртов, продаден за цело богатство

Импресивното поткровје во Сохо во Њујорк и натаму има посебно значење за фановите на Хит Леџер. Неверојатното поткровје со трагично минато штотуку го смени сопственикот за 14,25 милиони долари.

Последниот дом на актерот којшто ја остави публиката без зборови со својот портрет на Џокер во „Мрачниот витез“, продаден е минатиот месец надвор од пазарот на неименувана компанија. Станува збор за големо поткровје на улицата Брум со вкупна површина од 400 метри квадратни каде Леџер беше пронајден мртов од предозирање со лекови во 2008 година.

Зградата од 1872 година во која се наоѓа стан реновирана била набрзо по смртта на актерот и претворена во кондоминиум со два дополнителни ката. Светлиот стан на Хит Леџер на четвртиот кат има три спални соби, три бањи и модерни архитектонски додатоци, како што се столбови од лиено железо кои одговараат на оние на надворешноста на зградата.

Според извештајот на „Њујорк Пост“ којшто ги прегледал фотографиите пред и после реновирањето, внатрешниот распоред е сличен на оној во станот во кој покојниот актер живеел.

Поткровјето дури не е ниту најскапиот стан во зградата – во 2021 година пентхаус од 740 метри квадратни бил продаден за 49 милиони долари. Резиденцијата на последниот кат имала шест тераси, хидромасажна када, приватен лифт, теретана, мермерни тоалети и повеќе од 20 ормари по мера.

Леџер се преселил во ова поткровје откако се разишол со долгогодишната девојка Мишел Вилијамс, напуштајќи го домот во Бруклин којшто го делел со актерката и нивната ќерка Матилда. Според „Њујорк Пост“, актерот го изнајмил просторот во улицата Брум за 25.000 долари месечно до својата смрт четири месеци подоцна.

Смртта на 28-годишниот актер ги остави во жалост фановите, пријателите и семејството, а станбената зграда во која живееше ѕвездата на кратко стана место за илјада луѓе кои сакаа да му оддадат почит. Иако многу се променило во структурата на зградата од тогаш, бројот 421 Broome Street и натаму е тука, за обожавателите на Хит Леџер има посебно значење.

Слични објави