Скандал во Баерн, Мане казнет со 500.000 евра по физичкиот напад врз Сане!

Баерн Минхен има проблеми и покрај новиот тренер Томас Тухел. Нивната форма не е на потребното ниво, а по неуспехот против Фрајбург во Купот на Германија, загубија во првиот меч со 3:0 и од Манчестер Сити во Лигата на Шампиони и се пред елиминација и од ова елитно натпреварување.. На гостувањето во Англија,, Лирој Сане го критикувал Садио Мане за неговата игра, а потоа во соблекувалната сенегалецот и физички го нападнал и повредил Сане.

По овој инцидент Садио Мане е казнет со еден меч суспензија, а дополнително и парично е казнет од Баерн Минхен со пола милион евра. Поради казната Мане ќе го пропушти овој викенд дуелот со екипата на Хофенхајм.

Мане е најплатениот фудбалер во Баерн Минхен со плата од 22 милиони евра, откако летоска дојде од Ливерпул за сума од 35 милиони евра.

Слични објави