Силвио Берлускони боледува од леукемија?

од Вести365.МК Ј.Р.

Силвио Берлускони, поранешниот италијански премиер, вчера заврши во болница на интензивна нега. Како што пренесува „Кориере дела Сера“, прво се шпекулираше дека Берлускони имал некои респираторни проблеми, но, како што велат, поранешниот премиер боледува од многу посериозна состојба, леукемија.

Италијанските медиуми наведуваат и дека Берлускони претходно бил во болница поради оваа болест, а имал и пневмонија. Во болница го посетиле и неговите деца.

Берлускони, кој четири пати беше премиер, во последните години имаше бројни здравствени проблеми, а минатата недела беше пуштен од болница.

Слични објави