Седлоски нов тренер на албанскиот прволигаш Влазнија!

Македонскиот тренер Гоце Седлоски е официјализиран како нов тренер на албанскиот прволигаш Влазнија. Седлоски потпиша договор со клубот од Скадар на една и пол година. Влазнија е амбициозен проект со многу успеси во минатото, клуб каде претходно има работено и поранешниот селектор Мирсад Јонуз.

Седлоски претходно беше тренер на многу клубови, вклучувајќи ги екипите на Рига, Широки Бријег, Динамо Загреб, Шкупи, Турново и Вардар.

Дебитот на Седлоски на клупата на Влазнија е закажан за следната недела, кога клубот ќе игра против Ерзени во 18.00 часот. Седлоски беше без работа само две недели откако спогодбено го раскина договорот со Шкупи.

Слични објави