Се истражува дали сопственикот на кучето што усмрти дете го почитувал Законот за ветеринарно здравство

Агенцијата за храна и ветеринарство испитува дали сопственикот на кучето што вчера усмерти 8 годишно дете, ги почитувал одредбите пропишани со Законот за ветеринарно здравство за идентификација и регистрација на животните и за здравствената заштита и благосостојба, односно дали се испочитувани условите пропишани во актуелната Годишна наредба за здравствена заштита на животните, условите за држење на кучињата од страна на сопственикот итн.

Како што налага Законот, кучињата треба да се стават под официјален надзор и во рок од 15 дена да се испита дали имаат беснило. Откако ќе заврши испитувањето се издава сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животните во однос на болеста.

По завршување на надзорот на беснило ќе се спроведе тест за социјализација на кучињата од страна на лица кои имаат овластување од Агенцијата за храна и ветеринарство. Потоа ќе се утврдуваат мерките во зависност од констатираната фактичка состојба, изјави директорот на АХВ, Николче Бабовски.

Слични објави