Рашковски бара извинување од Русковска, ако не ТУЖБА

од Вести365.МК Ј.Р.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски најавува тужба против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ОЈО ГОКК, Вилма Русковска после вчерашните изјави во дебатна емисија.

„Кажете ѝ искрено на македонската јавност дали случајот ‘Софтвери’ против Драги Рашковски го отворивте за да може со него да ве изберат во Републичкото јавно обвинителство, внукот во Вишото јавно обвинителство, а не обратно како што тврдите во вашето интервју“, вели во реакцијата Рашковски.

Мора да дадете одговор, вели Рашковски, кој со име и презиме Ви понудил да станете заменик-јавен обвинител и вашиот внук да биде избран во Вишото јавно обвинителство во замена за тоа да ја сопрете истрагата за случајот „Софтвери“, кога тоа се случило и на кое место и најбитно – ако тоа се случило, што е причината за тој настан, а уште повеќе зошто по речиси 2 години, Вие дури сега кога Ве суспендираа, комплет зборувате за тоа?, прашува истовремено тој.

Реагирајќи на даденото интервју, Рашковски наведува четири апсурди.

Најавува тужба против Русковска и ја повикува да биде, како што вели, искрена и да каже дека од „целата бучава при набавка на предметниот софтвер сега се сведовте на тоа дека упатството не било доволно јасно и фазите не биле реализирани.

„Во согласност со Законот за граѓанската одговорност за навреда и клевета, член 13, упатувам до Вас барање за извинување и јавно повлекување на искажаното, кое, доколку не следува, против Вас ќе биде поднесена соодветна тужба за клевета и навреда. Во согласност со член 9 од истиот закон: ‘Тужениот е должен да ја докажува вистинитоста на фактите содржани во тврдењето’. Извинувањето барам да биде направено на истиот начин како што ја имате дадено и изјавата дека некој Ви правел притисок за овој предмет. Вам и на Ивана Трајчева ви е јасно колку неправда нанесовте, но на јавноста и на судот ќе му стане јасно колку правна неукост е концентрирана во овој судски предмет. Срамот од таа неукост ќе биде Ваш“, пишува Рашковски.

Слични објави