Пукање во банка во Кентаки – убиени се пет луѓе, а полицијата го застрела напаѓачот (ВИДЕО)

од Вести365.МК Ј.Р.

Нов инцидент во САД, овој пат во сојузната држава Кентаки каде петмина луѓе се убиени во пукање во зграда на Стара народна банка во центарот на Луисвил. Осомничениот напаѓач е мртов. По пукотницата шестмина биле донесени во болница објави Асошиетед прес.

Полициската управа преку Твитер објави дека постои тековна ситуација и побара од луѓето да ја избегнуваат областа.

Полицијата во Луисвил соопшти дека пристигнале повици за „активен агресор“ во 8:30 часот по средноевропско време во Старата народна банка.

Тие го опишаа осомничениот како „осамен стрелец“

На телевизиските снимки се забележани бројни полициски возила. Новинарите велат дека виделе како луѓе се однесени од местото на настанот со амбулантни возила.

Во твит, гувернерот на Кентаки рече дека се упатува на местото на настанот.

„Молете се за сите погодени семејства и за градот Луисвил“, рече Бешеар.

ФБИ соопшти дека и нивните агенти реагирале на пукањето.

Слични објави