Манчестер сити го смачка Саутемптон со 4-1 на гостувањето и создаде притисок врз лидерот Арсенал, пред нивното утрешно гостување кај Ливерпул. Гол-машината Ерлинг Браут Халанд постигна два гола и дојде до 30 гола во Премиерлигата оваа сезона.
Саутемптон му одолеваше на Манчестер сити цело полувреме, но во последната минута од првиот дел, Халанд постигна гол и го поведе својот тим. Во второто полувреме, „граѓаните“ го скршија противникот со голови на Џек Грилиш и повторно Халанд. Норвежанецот режираше карате-акробација во 68-та минута и на неверојатен начин зголеми на 0:3, што за него беше јубилеен 30-ти гол во Премиер лигата на 27 одиграни натпревари.
Мара погоди за Саутемптон, но Хулијан Алварез од пенал стави крај на мечот и го потврди триумфот на Сити.
Со оваа победа, Сити дојде до 67 бода, пет помалку од Арсенал кои имаат ист број на одиграни мечеви, но утре го играат својот дуел. Саутемптон остана последен со 23 бода, четири помалку од првиот во сигурната зона Евертон кој има 27.