Во рамките од 31 коло од Премиер лигата, фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Лестер на „Етихад“ стадионот со 3:1 (3:0). Првиот гол беше дело на Џон Стонс, а два погодоци, од кои еден од пенал, беа дело на Ерлинг Халанд. Норвежанецот постигна учинок од 32 голови во една сезона, израмнувајќи се со Мохамед Салах како рекордер на Премиер лигата во таа категорија, доколку се сметаат 38 натпревари.
Ако го погледнеме периодот во кој се одиграа 42 кола во елитниот ранг, Халанд има добри шанси да ги престигне рекордите на Енди Кол и Алан Ширер, чиј рекорд е 34 голови во натпреварувачката година. Во второто полувреме, Лестер успеа само да намали со голот на Келечи Ихеаначо во 75 минута. Меѓутоа, Лестер имаше уште две одлични шанси да го направи овој натпревар драматичен за домашните, но не успеа да ги искористи.
Лондонските екипи Тотенхем и Челзи претрпеа шокирачки порази од екипите на Брајтон и Борнмаунт. Екипата на Челзи загуби со резултат 1:2, додека Тотенхем во 95-та минута прими гол за победа на Бормаунт од 2:3.
Во остаантите средби Астон Вила славеше убедливо 3:0 против Њукасл, како и екипата на Волвс против Бренфорд со 2:0, додека екипата на Фулам славеше на гости кај Евертон со 1:3, а Кристал Палас го победи домаќинот Саутемптон со 0:2.