Предлог салати за Велигден: Совршен прилог за скара или печено месо, се прават брзо а многу се здрави!

Велигденската трпеза мора да биде разновидна: освен погача и слатки десерти, шарени јајца и пити, салатите исто така се дел од задолжителното велигденско мени.

Ви предлагаме 5 рецепта за 5 разновидни и вкусни велигденски салати…

Салата со тортелини, шунка, кашкавал и мајонез

Состојки:

  • 1 пакување тортелини
  • 100 г шунка
  • 150 г кашкавал
  • 2 црвени свежи пиперки
  • 1/2 голема краставица
  • половина конзерва пченка
  • 1 врзоп власец
  • 3 лажици кисело млеко
  • 3 лажици мајонез
  • сол и бибер

Приготвување:

Сварете ги тротелините и оставете ги да се оладат, па во чинијата со нив додајте сечкана шунка, кашкавал, пиперка, краставица, пченка, мајонез и кисело млеко, сол и бибер. Сето тоа измешајте го, додајте власец и послужете.

Редена салата со јајца, пченка и грашок

Состојки:

  • 6 варени јајца
  • кашкавал
  • 6 кисели краставички
  • 1 врзоп власец
  • 1 врзоп рдоква
  • грашок од конзерва
  • пченка од конзерва
  • 4 лажици јогурт
  • 4 лажици мајонез
  • сол и бибер

Приготвување:

Изрендајте ги рдоквите, сварете ги јајцата или искористете ги испуканите велигденски јајца, а потоа исечкајте ги ситно. Изрендајте го кашкавалот, во посебна чинија измешајте кисело млеко, мајонез и зачини и исечкајте ги краставичките.

Редете ја салатата во чинија така што прво ќе ставите јајца, па сечкан власец, па слој мајонез и кисело млеко, па грашок, пченка, рдоква, слој мајонез и кисело млеко, па рендан кашкавал и власец.

Тартарска салата со јајца и кисели краставички

Состојки:

  • 6 варени јајца
  • 6 кисели краставички
  • маринирани печурки
  • 1 главица црвен кромид
  • мирудија
  • врзоп власец
  • 2 лажици кисело млеко
  • 2 лажици мајонез
  • сол и бибер

Приготвување:

Исечкајте ги јајцата, краставичките, печурките и кромидот. Исечкајте власец и мирудија. Сето тоа ставете го во чинија, додајте јогурт и мајонез, сол и бибер. Промешајте и послужете.

Слични објави