Неделава минатата, Њујоршката полиција го огради Тајмс Сквер во Менхетен за да претстави три нови технологии кои ќе се користат во блиска иднина. Една од нив е уредот налик на оружје-пушка, што ќе им помогне на полициските единици да ги лоцираат возилата во тек на потерата, а кој е развиен од StarChase, компанија што произведува GPS уреди за следење.

StarChase тврди дека нивните GPS локатори биле тестирани повеќе од 10.000 пати и имаат повратено повеќе од 150 милиони долари во имот. Исто така тврдат дека пушката е корисна за време на проверка на контролните пунктови и тајни операции. Технологијата може да биде корисна во густо населен град како Њујорк. Во многу делови од земјата се поставуваат прашања за полициската потера што може да доведе до опасност за сите вклучени во потерата, како и за невините случајни минувачи.
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, изјавил дека целта е да се намали ризикот од незгоди при брзото возење во градот. Иако технологијата е корисна, има критики од заедницата за полициските мерки и нејзината примена во НЈујорк, вклучувајќи ја и употребата на роботот-куче на Boston Dynamics и роботот на тркала што служи за испраќање информации до полицијата. Друштвото за правна помош го обвинило градоначалникот и „NYPD“ за кршење на нормите на транспарентност.