По празниците за прв пат ќе се состане работната група за уставните измени

Работната група за уставните измени официјално ќе се состане по празниците кога и ќе биде направена формулацијата информираше денеска вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Македонија нема време за губење и мора час поскоро да пристапи кон процесот за промена на уставот, бидејќи во земјата се повеќе се наметнува прашањето околу неизвесната европска иднина на државата додаде Маричиќ.

Во меѓувреме и денеска но и изминатите денови власта и опозицијата ги вкрстуваа своите спротиставени ставови на оваа тема откако премиерот Ковачевски и денеска одговарајќи на новинарски прашања, а коментирајќи ги досегашните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски му порача дека тој не е пратеник во законодавниот дом и не може да одлучува во име на сите пратеници.

Ставот на најголемата опозициска партија пак е дека во овој период нема потреба од состанување на било какви работни групи а ниту една од партиите од опозиција не делигираа свој претставник. Иако се очекуваше дека Беса ќе го направи тоа сепак ниту тие во дадениот рок не номинираа свој претставник за учество во работната група а лидерот на партијата Касами во телевизиско гостување и вчера порача дека и нивната поддршка за уставните измени може да биде условена со тргање на 20% од формулацијата кај албанскиот јазик.

Огнената фракција од ДУИ пак иако бараа свој претставник а не добија остануваат на ставот дека ќе ги поддржат уставните измени. Претставници во работните групи покрај ВМРО-ДПМНЕ и Беса не делигираа ниту Левица, ДС, СПМ и Алтернатива.

Слични објави