„Бугарите нема да ја растурат државата“ – Пендаровски смета дека државата на никој начин не е загрозена со уставните измени. Вели работната група која треба да ги скрои амандманите нема да има многу работа.
Сепак претседателот е песимист дека до ноември ќе се промени Уставот. Тврди дека лидерска средба на негова покана нема да има затоа што нема согласност од сите страни.
Пендаровски не планира ниту средба со бугарскиот колега Радев.
Шефот на државата го коментираше и енормното зголемување на платите. Вели законот за систем на плати треба да стави ред, а администрацијата да се намали и да стане функционална. Призна и дека власта му се налутила за неговиот став.
Продолжувањето на работната недела од 40, на 60 часа, пак, го нарече неуставно. Се чуди што фирма која нема никакво искуство и фирма која земала лиценца за време на тендерот, ќе прават надзвор на изградбата на коридорите и ја повика антикорупциска до крај да го испита случајот.
Пендаровски не одговори дали треба претседателските да бидат во пакет во парламентарните избори, но најави дека ако има поддршка од коалицијата која го предложи и на минатите избори, ќе размисли и за втор мандат.