Партизан го преживеа пеколот во Подгорица, прв во АБА!

Кошаркарите на Партизан успеаа да слават во тесен и незивесен меч со резултат 82-83 во одложениот натпревар од 22. коло на АБА-лигата против екипата на Будуќност во Подгорица. „Црно-белите“ допатуваа со императив за победа и задржување на првото место.

Во првото полувреме, Партизан ги искористи грешките во нападот на Будуќност и ги доби првите две четвртини, а Јоанис Папапетру беше најрасположен играч со 10 поени. На полувремето, Белграѓаните имаа предност од 10 поени (31-41).

Второто полувреме започна со подобра игра на Будуќност, домашните го кренаа ритамот и успеаја да ја добијат третата четвртина со резултат 25-18. Ерик Грин беше најефикасен играч на натпреварот со 31 поен за Будуќност.

Во последниот период, Будуќност поведе со 62-60 во 33-тата минута, но тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, повика тајм-аут и го смири својот тим. Потоа, гостите се вратија со неколку поени во низа, а во тесен период во кој подобро се снајдоа гостите, клучно беше слободното фрлање погодено од Пантер за победата од 82-83.

Најдобри играчи за Партизан беа Лесор и Пантер со по 13 поени, а Ледеј и Папапетру запишаа уште по единаесет поени. Партизан го задржа првото место во АБА-лигата и ќе го започне разигрувањето за титулата од пол позицијата во елитното јадранско друштво.

Слични објави