Папата Франциск има ВОСПАЛЕНИЕ НА БЕЛИ ДРОБОВИ – Под знак прашалник е дали ќе може да ја води мисата за Велигден

од Вести365.МК Ј.Р.

Папата Франциск вчера попладне беше хоспитализиран во поликлиниката Гемели, по слабост со кардио-респираторни проблеми што го погоди пред ручекот во Санта Марта.

Светата столица на почетокот зборуваше за „претходно закажани прегледи“. Вчера вечерта Ватикан уште еднаш објави дека папата има респираторна инфекција која ќе го задржи неколку дена во болница.

Според последните информации од болницата, папата има пневмонија.

– Папата Франциск е трогнат од бројните пораки што ги доби и изразува благодарност за блискоста и молитвите – изјави портпаролот Матео Бруни.

Со оглед на тоа дека хоспитализацијата ќе трае „неколку дена“, прашање е дали папата Франциско ќе ја предводи мисата за Велигден.

Папата (86) претходно во средата одржа општа аудиенција во Ватикан, а се чини дека сè уште не му е добро бидејќи неговите соработници го поддржуваа додека се качуваше во папамобилот и имаше болни гримаси на лицето.

Во очекување на резултатите од лекарскиот преглед, состаноците на Светиот Отец закажани за четврток се откажани, изјави извор од Ватикан за Франс прес.

Папата Франциск боледува од дивертикулитис, кој може да предизвика инфекција или воспаление на дебелото црево. Дел од дебелото црево му беше отстрането при операција во 2021 година во болницата Гемели.

Слични објави