“P92” новата социјална мрежа на Марк Цукерберг

од admin_vesti365

Марк Цукерберг и Мета, чии социјални мрежи и комуникациски платформи (Facebook, Instagram, Messenger и WhatsApp) ги користат милијарди луѓе, сега подготвуваат нова социјална мрежа со која сакаат да земат дел од корисниците на Twitter. Проектот кој ќе се фокусира на текстуални објави, засега е познат само со кодното име „Р92“, а според упатените во работите, новата социјална мрежа на Мета ќе биде децентрализирана и ќе го користи истиот протокол како Mastodon, познат како ActivityPub, главен задолжен за овој проект е првиот човек на Инстаграм, Адам Мосери.

Корисниците ќе можат да се логираат на „P92“ со нивните профили на Инстаграм, а Мета се надева дека ќе ги искористи податоците од сите корисници на Инстаграм за да го подобри производот дури и ако не ја користат новата социјална мрежа, пишува Business Insider.

Овој проект е активиран последниве месеци во обид да се профитира од проблемите со кои се соочува Твитер по преземањето од страна на милијардерот Илон Маск и секако би можел да има голема корист од веќе постоечката огромна база на корисници на другите платформи на компанијата, како на пример две милијарди луѓе кои секојдневно го користат Фејсбук.

Со оглед на тоа што Мета коментираше дека моментално сè уште „истражуваат“ за развој на ваква апликација, не се знае дали веќе започнале со нејзиниот развој или се уште е во фаза на планирање, а исто така постои можност Цукерберг на крајот и да се откаже.

Слични објави