Oд понеделник најавен е штрајк на приватните превозници во Скопје

од Вести365.МК | М.Т.

За в понеделник најавен е нов протест на приватните превозници во Скопје. Тие велат дека не добиле плата од јануари.

Првиот ден приватните автобуси ќе останат паркирани во гаражите, а потоа, во зависност од реакцијата на одговорните на Град Скопје, можна е блокада на сообраќајот во главниот град на Македонија.

Долгот повторно се зголемил на повеќе од 140 милиони денари, а нема никаква реакција од надлежните, велат претставниците на приватните превозници.

Веќе подолг период приватните превозници имаат проблем со одлуките на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Слични објави