Наставното ливче кое предизвика реакции во јавноста е од австралиски сајт за ЛГБТ среќни семејства

Наставното ливче кое го добија првооделенците од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ било преземено од австралиската веб-страница „Твинкл“.

-На страницата има материјали кои може да ги користат наставниците за време на нивните предавања, а наставното ливче кое им било предадено на децата може да се пронајде под името „месец на ЛГБТ историјата среќно семејство 2023“, велат од Коалицијата за заштита на децата.

Разликата меѓу оригиналното наставно ливче и тоа што го добиле првооделенците е само насловот бидејќи во оригиналот пишува „Рецепт за специјално семејство“, додека другото се води под името „Рецепт за среќно семејство“.

Од Коалицијата за заштита на децата бараат од родителите да ги повлечат лажните изјави и да се извинат на Коалицијата, која, како што се вели во соопштението, се обидува да ги заштити нивните деца, за потпомагање на хајката против неа.

Директорката на ООУ “Св. Кирил и Методиј” од Центар, Соња Кирковска, разобличена. Со своите лаги и манипулации се обиде да ја прикрие ЛГБТИ+ пропагандата што се врши на првоодделенци! Бараме веднаш да си поднесе оставка и да ги напушти образовните институции како несоодветна и лош пример за децата! Доколку појдете на веб-сајтот и во пребарувачот напишете „LGBT history month happy family 2023“ или во превод „месец на ЛГБТ историјата среќно семејство 2023“, на самиот врв ќе ви се појави токму оваа слика на „татко и син“ и со сосема истата работна задача, само со една разлика – на веб-сајтот сликата е во боја. Насловот е Recipe For a Special Family Activity Sheet (означен со жолта боја), велат од Коалиција за заштита на децата.

Слични објави