МВР откри КЛАСТЕР НА ЛИЦА кои учествуваа во лажните дојави за бомби

од Вести365.МК Ј.Р.

Преку опсежни истраги спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи, лоциран е кластер на лица кои учествувале во лажните дојави за бомби кои секојдневно беа пријавувани од страна на училиштата и други институции.

Министерот Оливер Спасовски утрово соопшти дека последната кривична пријава во врска со овие лажни пријави е поднесена на 22 март оваа година, против еден малолетник, како и тоа дека навлезено е во една група лица коишто учествувале во испраќањето на лажните пријави.

Со преземање на низа активности во рамките на институциите не дозволивме ни во еден момент да се наруши безбедноста на институциите. Преку опсежните истраги што ги спроведовме лоциравме кластер на лица кои учествувале во тие лажни дојави, веќе се повикуваат на разговори во полициски станици, одземени се нивни телефони и продолжуваме кон обезбедување на сите докази, рече Спасовски.

Во гостување на утринската програма на националната телевизија, тој посочи дека поради застареност, променети се и протоколите за постапување.

Протоколите беа променети заради нивната застареност и несоодветствувањето на новите прилики со денешните, наспроти времето кога се донесени. На пример, електронските дојави воопшто не беа опфатени со тие протоколи. Како држава ќе продолжиме интензивно да ја зајакнуваме својата сајбер безбедност, процес во кој влегуваат сите држави во регионот и пошироко”, истакна министерот Спасовски.

Слични објави