Монца за трет пораз по ред на Интер, Наполи и Милан само со по бод!

Во 30. коло од Серија А, Интер загуби на домашен терен од Монца со 0:1. Ова е трет пораз во низа за Интер на домашен терен, откако претходно загуби од Јувентус и Фиорентина со истиот резултат. Ова е прв пат во историјата на Интер да доживее три последователни порази на домашен терен без да постигне гол во Серија А. Сепак Инзаги смета дека е само лош период и дека екипата на Интер, сеуште е главен фаворит за висок пласман.

Во останатите натпревари Наполи и Верона изиграа без голови 0:0, додека екипата на актуелниот шампион Милан се враќа само со бод од гостувањето во Болоња со конечен резултат 1:1.

Слични објави