Младинците на Хајдук се пласираа во големото финале на Лигата на шампионите откако со 3-1 го победија Милан во полуфиналето во Женева. Оваа година, талентите на Хајдук успеаја да ги совладаат врсниците од Шахтор Доњецк, Манчестер Сити и Борусија Дортмунд во плејофот на ова натпреварување и сега имаат можност да се борат за пехарот во финалето против Аз Алкмар.
Сите голови паднаа во второто полувреме, каде Врциќ, Пукташ и Хрговиќ погодија за Хајдук ѐ водство од 3-0, додека Ѕероли постигна почесен гол за Милан. Финалето е закажано за 24 април со почеток во 18 часот.