Мбапе со два гола за три бода на ПСЖ!

Вечерва, на гостувањето на ПСЖ против Анже, Килијан Мбапе беше во главна улога, со два гола за победата на неговиот тим од 1-2. Оваа победа го носи ПСЖ уште еден чекор напред кон одбрана на титулата во домашното првенство, откако испаднаа од борбата за трофејот во Лигата на шампионите оваа сезона.

Двата гола на Мбапе беа делумно резултат на добрата игра на Лео Меси, кој одигра одлична длабочинска топка за првиот гол, а потоа асистираше и за вториот гол, од контранапад. Анже успеа да постигне еден гол преку Тиуб, во последните минути од натпреварот, но тоа не беше доволно да се спречи поразот против ПСЖ, кој е еден од најдобрите француски клубови во моментов.

Слични објави