Хоакин, легендата на Реал Бетис и на шпанскиот фудбал, потврди дека на крајот на оваа сезона, на 41 години, ќе се повлече од фудбалот. Во 2005 година, Хоакин со Бетис го освои Копа дел реј, а потоа играше во Валенсија, Малага и Фиорентина, пред да се врати во Бетис во 2015 година.
Хоакин истакна дека ова не е збогување, туку само „се гледаме наскоро“, бидејќи ќе биде покрај нив цело време, бранејќи го својот “живот”, бидејќи Реал Бетис беше неговиот живот.
Како капитен на Бетис, лани Хоакин по вторпат ја освои титулата во Копа дел реј, победувајќи ја Валенсија на пенали. Со вкупно 521 настапи за Бетис и 68 гола, Хоакин има можност да го надмине рекордот на Андони Зубизарета за најмногу настапи во Ла лига (622), бидејќи му недостасуваат само седум до рекордот, со уште девет меча до крајот на оваа сезона во Ла лига.
