Ковачевски: Треба да се почекаат фактите од извештаите за причината за смртта на шестгодишната Јана

од Вести365.МК Ј.Р.

На прашањето дали ќе побара одговорност за смртта на шест годишната Јана, премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека врз основа на сите извештаи што ќе бидат изнесени од страна на одговорните институции, ќе бидат донесени одлуки во иднина, но вели дека мора да се почека тие да бидат споделени.

Во однос на тој случај вие знаете дека истиот ден кога се случи беше направен вонреден инспекциски надзор од страна на ДЗСИ. Беше информирано и Обвинителството и извештаите, како што информираше вчера заменичката министерка за здравство, веќе се доставени до Министерството за здравство. Врз основа на нив ќе се утврди точната причина што се има случено. Јас не би можел да прејудицирам што точно се има случено, бидејќи пред се не сум медицинско лице, вели тој.

Слични објави