Ковачевски го честита Велигден

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на својот Фејсбук профил упати честитка по повод денешниот празник:

„На сите христијани од Католичката црква како и на монсињор д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Епарх Струмичко-скопски, им го честитам големиот христијански празник Велигден.
Овој празник, што ја слави победата на животот над смртта, нека ја обнови вербата кај секого дека храбрите дела, базирани на љубовта и меѓусебното разбирање, се патот до заедничкото добро.
Големите празници носат голема духовната сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој.
Христос Воскресе!“ – стои во објавата на Ковачевски.

Слични објави