“Karma” има нов модел: “Invictus” има повеќе од 500 коњски сили

од Вести365.МК Ј.Р.

“Karma Automotive” вообичаено не ги полни многу често колумните во весниците, но компанијата го заслужува тоа сега бидејќи го претстави новиот модел – “Invictus”.

“Karma” го претстави “Invictus” како „варијанта на револуционерниот седан “Revero”, но фокусирана на перформансите“.

Иако моделот е многу сличен на “Fisker Karma”, кој беше претставен пред речиси една и пол деценија, тој има поагресивен дизајн кој вклучува карбонски влакна – од нив се направени хаубата, покривот, багажникот и предните браници.

Промените во внатрешноста се поскромни, но има предни седишта со греење и вентилација со „art deco“ шема која потсетува на познатата њујоршка зграда Крајслер.

Бидејќи “Invictus” е заснован на третата генерација на “Revero”, моделот има погонски агрегат кој се состои од 1,5-литарски турбомотор, батерија од 28 kWh и два мотори. Ова му дава комбинирана моќност од 536 коњски или и 745 Nm вртежен момент, како и електричен досег до 129 km.

Иако погонската единица е недопрена, времето кое му е потребно на новиот модел да достигне 100 km/h е намалено од 4,5 секунди на 3,97 секунди, најверојатно поради намалената тежина.

Слични објави