Екстровертниот SUV на автосалонот во Шангај Karlmann King Zr е еден од три модели на Karlmann King, компанија на IAT Automobile Technology групата со седиште во Пекинг, која е веќе позната по уште еден голем модел вреден над 1 милион евра, дизајниран во Торино, Италија.
Имињата на моделите на Karlmann King доаѓаат од периодниот систем и претставуваат скапоцените метали: ‘Zr’ за циркониум, ‘Pt’ за платина и ‘Ti’ за титаниум.

Karlmann King е дел од IAT Automobile Technology, дизајн компанија со седиште во Пекинг, која вклучува и Unique Club, специјализирана за прилагодување на Ford и Chevrolet пикапи и возила специфични за кинескиот бренд, секогаш со супер-луксузни карактеристики вклучувајќи тешки тегови, златни украси, па дури и караоке гарнитури.
“Zr” се истакнува со хипер-квадратни и непрекинато движечки форми на надворешната каросерија, и се добива впечаток дека сака да изгледа како дијамант поради непрекинатата игра на светлина и сенка, а истиот ефект се добива и од триаголните предни светла кои изгледаат како блескави и скапоцени метали.

Под хаубата се наоѓа В10 мотор. “Zr” се базира на SUV моделот Ford F-450 и е опремен со 6.8-литарски В10 мотор, а вреди да се напомене дека се произведуваат само 10 единици, секоја со почетна цена од 1.2 милион јуани, или 160,000 евра.
“Zr” е екстраваганден теренец со две врати најмал во класата, вратите се со систем на подигање наречен “ножички”, опремен со пет седишта во ентериорот, во мат сиво-зелена боја и дизјанерска игра на триаголници. И ентериорот е навистина екстравагантен опремен со висококвалитетни спортски седишта и волан кој потсетува на џојистик.

Вистински препознавливо превозно средство, со водечко мото на Karlmann King, “Не биди прв, биди единствен”. И навистина, автомобилите на Karlmann King се наменети за малкумина, и оваа уникатност не е само поради цената.
